Пукање во кафе бар во Белград – еден убиен и еден повреден

by irena 17:29
17:29

Во белградската населба Кумодраж, попладнево околу 16 часот дошло до престрелка во која загинало едно лице, пишува српски „Телеграф“.

Како што дознаваат, пукањето се случило во кафе-бар на булеварот Пека Дапчевиќ во Вождовац, каде непознато лице испукало неколку проектили кон двајца мажи.

Едно лице починало од повредите, другото е рането.

На сила е акцијата „Вихор 3“ за пронаоѓање на сторителот.

Слични вести