Прва средба на Трамп и Мамдани во Белата куќа

by irena 10:07
10:07

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера во Белата куќа оствари прва средба со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани.

Двајцата политичари го оценија состанокот како продуктивен и дека фокусот бил на трошоците за живот за жителите на Њујорк.

Си-Ен-Ен истакнува дека Трамп бил забележливо „топол“ кон Мамдани, иако, пред изборите за градоначалник на Њујорк, тој го нарече „100 проценти комунист“ и „тотален идиот“, и се закани дека ќе го намали федералното финансирање за Њујорк, градот каде што е роден, ако Мамдани стане негов лидер.

Од друга страна Мамдани за време на кампањата го опиша Трамп како „фашист“.

Американскиот претседател пред медиумите, по средбата вчера, го опиша Мамдани различен, што може да биде многу позитивно, како некој што „дошол од никаде“ и неконвенционална политичка фигура со потенцијал да направи „нешто одлично за Њујорк“.

Тој рече дека на новоизбраниот градоначалник, кој ќе ја преземе функцијата во јануари, ќе му треба федерална помош за да успее.

Слични вести