Прв зад решетки за „Ласкарци“: Јане Бабаровски ја издржува казната во Идризово

by irena 11:18
11:18

Во официјално соопштение, Основниот кривичен суд Скопје информираше дека осудениот Јане Бабаровски веќе еден месец ја издржува својата затворска казна во КПУ Идризово, додека за спроведувањето на сите останати осудени лица, вклучително и оние по кои се трага, прстот го впери кон Основниот суд во Гостивар.

Ова појаснување доаѓа по серијата медиумски прашања и јавниот притисок поврзан со извршувањето на правосилната пресуда за предметот К.бр. 1407/19, познат во јавноста како „Дурмо Турс“, особено по информациите дека дел од осудените не се достапни за органите на прогонот.

Слични вести