Пронајдени тела на две жени во Солун – трагите укажуваат на можен сериски убиец

by irena 11:33
11:33

Во Солун се отвора криминалистичка истрага откако грчката полиција наиде на траги што укажуваат на можен сериски убиец.

Во напуштена зграда во населбата Менемени пронајдени се делови од тело на 43-годишна жена, обвиткани во теписи, пластични материјали и стара облека.

Ова откритие доведе до апсење на сопственикот на објектот, 52-годишник, и неговиот 50-годишен соработник, двајцата сега главни осомничени во истрагата.

Портпаролот на грчката полиција соопшти дека единицата за борба против организиран криминал повторно ги отвора децениските нерешени случаи во Северна Грција — повеќе од десет исчезнувања и убиства, најмногу од западните делови на Солун.

Двете најнови жртви се идентификувани како Вики Кутаки (43) и Марија Ангелакуди (47).

Полицијата повторно ја анализира и смртта на 27-годишната Деспина Георгиаду — девојка која исчезна во 2022 година, а беше најдена мртва во 2023 година.

Нивните семејства јавноста сведочат за неверојатни сличности во околностите на смртта, вклучително и задушување, што ја поткрева теоријата за поврзаност меѓу случаите.

Сепак, адвокатите на обвинетите остро ги отфрлаат сите наводи. Бранителот на 52-годишникот тврди дека неговиот клиент е невин и дека не ги разбрал документите што ги потпишал поради ниската писменост.

Истрагата е во тек.

Слични вести