Пронајдени се лицата од Лесковац, кои исчезнаа во Грција

by vlatko 20:21
20:21

Никола Стефановиќ (31) и Марта Илиќ (19), кои исчезнаа во Грција, се пронајдени, потврдил за Блиц нивниот пријател Милан Атанасковиќ, со кого го напуштиле Лесковац. Двајцата биле пронајдени во Сер.

-Тие свртеле погрешно, се наоѓаат на 125 километри од местото каде што се упатија. Ја поминале ноќта во парк, дури денес нашле ви-фи и ме контактираа – изјави тој за „Блиц“.

Претходно, српските медиуми објавија за нивното исчезнување.

-Тие отидоа со нас во Грција, требаше да престојуваме стан до стан на истото место. Никола е пријател на татко ми, го замолил да оди пред него, да го следи, не го знаел патот. Се беше во ред низ Србија и Северна Македонија, влеговме во Грција – рече Јелена Стојиљковиќ за „Блиц“.

Откако направиле пауза на бензинска пумпа во Грција, го продолжиле своето патување. Кога стигнале до втората рампа на автопатот кон Олимпик бич, Никола и Марта исчезнале.

Слични вести