Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини.
Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе преминуваат во снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.
Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 7 степени, соопшти УХМР.
Под влијание на влажни воздушни бранови во среда и четврток ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24 часа).
На планините врнежите ќе бидат од снег при што ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 см.
Поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Од петок ќе има стабилизирање на времето.