Територијата на Македонија ќе биде под влијание на променливо облачно и студено време, проследено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието и во источните делови повремено ќе се појавува засилен северен ветер (над 60 km/h).
Утринските температури ќе се движат од минус 15 до минус 5 степени, додека максималните дневни температури ќе бидат меѓу минус 6 и 3 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината, утрото ќе биде многу студено, со променливо облачно време во текот на денот и сончеви периоди. Ветерот ќе биде слаб до умерен, а во делови од котлината повремените засилувања на северниот ветер ќе се чувствуваат посилно. Највисоката температура ќе достигне до 2 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно и суво време, со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата, согласно информациите од Управата за хидрометеоролошки работи.
Прочитајте и: РСБСП повикува на внимателно и одговорно управување со возилото во зимски услови
И во вторник, во некои области, дневните температури ќе останат под нулата, но од среда ќе биде забележан постепен пораст. Од средината на седмицата, во котлините можат да се очекуваат услови за појава на магла.
Времето ќе продолжи да биде променливо облачно со сончеви периоди. Ветерот ќе дува слаб до умерен од северозападен правец.
До четврток, утринските температури ќе варираат од -2 до -14 степени, додека дневните ќе бидат во опсег од -1 до 10 степени.