Променливо облачно и посвежо

by irena 08:09
08:09

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претежно во крајните западни и источни региони ќе има услови за повремен локален дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец наместа со брзина од над 60 километри на час.

Минималната температурата ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната од 13 до 23 степени Целзиусови.

И во Скопје ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде 7, а максималната ќе достигне до 20 степени Целзиусови.

Променливо облачно време ќе се задржи и во наредните денови. Локален пороен дожд грмежи и засилен ветер се очекува во вторник.

Слични вести