ПРОКРЕДИТ БАНКА – ПАРТНЕР НА БИЗНИСИТЕ НА ПАТОТ КОН NET ZERO: Нов CO₂ калкулатор и водич за декарбонизација како поддршка за бизнисите

by irena 16:45
16:45

ПроКредит Банка ја унапредува својата посветеност кон одржливиот развој преку конкретни алатки – CO₂ калкулатор и водич за декарбонизација, наменети за поддршка на малите и средни претпријатија во процесот на намалување на нивните емисии и приближување кон целите за Net Zero.

Малите и средни претпријатија сочинуваат повеќе од 90% од бизнисите на глобално ниво и вработуваат над половина од работната сила, што ги прави клучен фактор во економијата, но и важен сегмент во процесот на климатска трансформација. Сепак, еден од главните предизвици со кои се соочуваат е недостигот на податоци за сопствените емисии, но и конкретни насоки кои ќе им го олеснат патот до намалување на емисиите.

CO₂ калкулаторот на ПроКредит Банка е развиен токму со цел да го надмине овој предизвик. Преку едноставен модел, алатката им овозможува на компаниите да направат почетна проценка на нивните емисии на јаглерод диоксид и да добијат увид во изворите од кои тие произлегуваат. Калкулаторот опфаќа осум економски сектори, меѓу кои земјоделство, производство, трговија, прехранбена индустрија, транспортната индустрија, градежништвото и други индустрии.

За да се обезбеди точност и релевантност на податоците, калкулаторот е базиран на методологијата на Greenhouse Gas Protocol (GHG) и насоките на Intergovernmental Panel on Climate Change (IPCC), кои претставуваат меѓународно признати стандарди во областа.

Како дополнување на оваа алатка, банката го обезбеди и „Водичот за декарбонизација на вашиот бизнис“, кој нуди практични и применливи насоки за намалување на емисиите, подобрување на енергетската ефикасност и постепена транзиција кон одржливи деловни модели.

Со овие решенија, ПроКредит Банка има за цел да им овозможи на бизнисите да започнат со конкретни чекори кон одржливо работење, врз основа на реални податоци и јасни насоки. Само на тој начин ќе останеме посветени на мисијата за почиста животна средина и подобра иднина за идните генерации.

Дополнителни информации, како и пристап до калкулаторот и водичот, се достапни на делот од odrzlivost.pcb.mk посветен на NetZero, а за сите новости во делот за одржлив развој заследете ги профилите на банката на Facebook, Instagram и LinkedIn.

Слични вести