Проф. д-р Кузмановска на трибина во Битола: Трансплантацијата не е само медицинска процедура, таа е нов почеток, нова шанса и нов живот

by irena 10:31
10:31

Со цел отворање поширока јавна дискусија за значењето, предизвиците и етичките аспекти на трансплантацијата, се одржа втора трибина во Битола, посветена на оваа исклучително важна тема „Органодарителство во Македонија”, иницирана од Младински центар Битола.

На едно место беа обединети врвни медицински експерти, трансплантациски координатори, претставници на верските заедници, правници, како и пациенти и донори, сите со заедничка мисија: подигнување на свесноста и градење култура на донорство.

– Трансплантацијата е врв на медицината, но и врв на човечноста. Таа бара знаење, организација и систем, но пред сè доверба, солидарност и храброст. Секој спасен живот е доказ дека кога институциите, стручната фела и заедницата се обединети, надежта станува реалност. Подигнувањето на свесноста за донорството не е само избор, тоа е општествена одговорност и хуманост која може да спаси или да го подобри квалитетот на животот, посочи проф. д-р Билјана Кузмановска на трибината, појаснувајќи ги условите да се биде дарител, комплексноста на процедурите, но и подготвеноста на здравствениот систем за овие сложени трансплантациски процедури.

Слични вести