Приведени 56 лица и повредени шест полицајци на вчерашните протести во Србија

by irena 10:11
10:11

За време на вчерашните непријавени собири во Србија, повредени се шест полицајци, приведени се 56 лица, 16 осомничени се приведени за насилно однесување на спортски настан или јавен собир, додека против 35 ќе бидат поднесени прекршочни пријави, соопшти утрово Министерството за внатрешни работи на Србија, пренесува Н1.

29 лица биле донесени во Полициската управа во Ваљево, приведени биле 15, а против 13 лица ќе бидат поднесени прекршочни пријави. Шест припадници на жандармеријата се полесно повредени.

Вчера се одржаа жестоки протести во Србија а мета беа и седиштата на СНС во Белград и низ други градови во државата. Секојдневните собири на демонстрантите се реакција на протестите во градовите Врбас и Бачка Паланка во Војводина, кога поддржувачите на владата ги нападнаа демонстрантите со пиротехнички средства. Немирите беа предизвикани и од постапките на полицијата тој ден, која демонстрантите ја обвинија дека не презема ништо за да ги спречи нападите.

Слични вести