Приведен е тетовец – со нож нападна двајца браќа на кои им бараше 100.000 евра

by irena 11:27
11:27

Браќа од тетовско Пршовце се повредени во напад со нож, откако претходно добиле закани и барање да исплатат 100.000 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, завчера вечерта во 23:35 часот во СВР Тетово, С.А.(41) и неговиот брат А.С.(42) пријавиле дека околу 21 часот, додека С.А. престојувал во угостителски објект, телефонски му се јавил Д.И.(37) од Тетово и му побарал 100.000 евра, при што му се заканил.

Двајцата се сретнале на улица пред маркет, каде што Д.И. пристигнал со мотор. Избувнала расправија, која премина во физичка пресметка.

Во еден момент Д.И. извадил нож со намера да го нападне С.А., но бил спречен од неговиот брат, кого го ранил.

Потоа, со нож го повредил и С.А.

На повредените им била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Тетово.

Осомничениот Д.И. вечерта сам се пријавил во Полициската станица во Тетово.

Слични вести