Приведен е кумановец, возел под дејство на алкохол

by irena 12:45
12:45

МВР информира дека рано утринава во 04.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(31) од Куманово.

При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „опел“, кое го управувал Ф.А., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.57 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Слични вести