179
МВР информира дека вчера во главниот град, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода скопјанецот Б.А.(25).
Тој се сомничи дека на 15.08. и 18.08. годинава извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва на подрачјето на ЕВР Центар и Бит Пазар, односно дека со закана со пиштол одзел пари.
Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор ги признал делата.
Во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по итна постапка, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор од 30 дена.