Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, по повод Денот на независноста упати искрени честитки до сите граѓани.
,,Вековниот стремеж за самостојна, независна, суверена и демократска Македонија стана стварност на 8 септември 1991 година. Граѓаните на тој ден запишаа историја! Историја на која треба да сме горди и која треба да ја славиме. Но, тој ден истовремено и ги задолжи сите сегашни и идни генерации, не само да негуваат почит и благодарност кон нашите предци, туку со истата решителност, љубов и одговорност да ја сакаат татковината и да се вложат во нејзиниот просперитет.
Денес вистинската љубов кон татковината значи да се гради правната држава. Денес, чин на врвен патриотизам претставува вистинската посветеност на владеењето на правото! Да ни е честит Денот на независноста – 8 Септември!“, порача Костадиновски.