Претседателот на Собранието излезе од болница

by irena 12:10
12:10

Во врска со загриженоста за здравствената состојба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, од кабинетот информираа дека по краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и по спроведувањето на сите потребни медицински прегледи, здравствената состојба на Гаши е добра и стабилна.

„Денес, г. Гаши е отпуштен од болница и ќе продолжи со своите институционални активности во согласност со медицинските препораки.

Кабинетот на претседателот на Собранието изразува посебна благодарност до директорот на Клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, тимот лекари и целиот здравствен персонал за професионализмот, грижата и посветеноста покажани за време на лекувањето.

Исто така, благодарност и до сите граѓани, претставници на институциите, медиумите и јавноста за нивниот континуиран интерес и поддршка“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Слични вести