Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска остварила средба со претставниците на Светската кинолошка федерација (FCI) и со македонските кинолошки експерти кои повеќе од две децении посветено работат за афирмација на нашата автохтона раса.
-Очекувам македонското овчарско куче Караман наскоро да биде официјално признаено од Светската кинолошка федерација. Тоа ќе биде историски момент за македонската кинологија и доказ за нашето богато културно и природно наследство, рече претседателката.
Таа на подарок доби куче.
-На средбата ми беше подарено куче Караман, симбол на верноста, достоинството и македонскиот дух.
Караманот е чувар на нашите планини, на нашата традиција и идентитет, а отсега ќе биде препознаен и ширум светот, рече претседателката.