40
Повеќе лица се повредени во престрелка што рано утрово се случила за време на техно-фестивал во швајцарскиот град Арау.
Полицијата сè уште утврдува што точно се случило, а засега не е познато дали има загинати, ниту кој пукал.
Пукотниците биле испукани околу 3 часот наутро на просторот на хиподромот Шахен, каде што се одржувал фестивалот „Арау Рејв“.
Полицијата соопштила дека во инцидентот има „повеќе жртви“, но засега не е прецизирано дали под овој термин се подразбираат и загинати лица, пренесува швајцарскиот весник „Блик“.
„Сè уште не е јасно што точно се случило“, изјавила портпаролката на кантоналната полиција на Аргау, Ванеса Румполд.
Таа потврдила дека биле испукани повеќе куршуми кон поголема група луѓе.