Прекини на вода и струја во Скопје: Ѓорче Петров без вода, делови од Центар без струја

by irena 07:40
07:40

ЈП Водовод и канализација известува дека денеска без водоснабдување ќе останат дел од корисниците на Ѓорче Петров.

Оттаму информираат дека поради изведување водоводен приклучок Ф-300 милиметри на улица „1409“ бр.9 во населба Ѓорче Петров,
прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата 1409 и индустрискиот дел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со активностите.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат делови од Центар.

– Во периодот од 08.00 до 14.00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците: 9-ти Мај, дел од Рузвелтова,
дел од Христо Смирненски и дел од булеварот Теодосиј Гологанов. ( општина Центар )
– Во периодот од 09.00 до 09.20 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на улицата Васил Главинов.

Слични вести