Прекинат настапот на Аца Лукас во Кавадарци – однесен е во полициска станица

by irena 12:05
12:05

Прекинат е синоќешниот настап на турбо-фолк пејачот Аца Лукас во Кавадарци, откако полицијата влегла во локалот.

Според сведоштвата на присутните, објавени од повеќе веб-портали, атмосферата била одлична сè до моментот кога Лукас прекинал да пее среде песна.

Публиката околу половина час чекала пејачот да се врати на сцената, но од организаторите било соопштено дека тој е однесен во полициска станица.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како пејачот го напушта локалот во придружба на полицијата, притоа објаснувајќи се со службениците.

Се очекуваат официјални информации од надлежните институции за причините за полициската интервенција.

Слични вести