Прегазена жена на улица во Крушево

by irena 14:06
14:06

МВР информира дека вчера претпладне во 11:15 часот во ОВР Крушево е пријавено дека на ул. „Мише Ефтим“ во Крушево се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки, управувано од П.П.(36) од Прилеп, удрило во пешакот С.А.(54) од Крушево.

По несреќата С.А. била пренесена во Општа болница „Борка Талески“ – во Прилеп каде од страна на доктор констатирани и биле тешки телесни повреди.

Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Крушево.

Слични вести