Прегазена жена на пешачки во Струмица, возачот избегал

by vlatko 17:50
17:50

Седумдесет и шестгодишна жена од Скопје е тешко повредена откако во неа удрил мотоцикл на улицата Младинска во Струмица, по што возачот го напуштил местото на несреќата.

„На 6 март 2026 година околу 17:40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улицата „Младинска“ мотоцикл удрил во 76-годишната А.Н. од Скопје, по што возачот го напуштил местото на настанот. Жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар во Струмица“, соопшти МВР.

За настанот е известен јавен обвинител, извршен е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.

Слични вести