Прегазена 79 годишна кумановка – возачот на автомобилот побегна

by irena 14:43
14:43

МВР информира дека вчера напладне во 12:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул. „Лесковачка“ во Куманово, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки удрило во 79-годишната В.Д. од Куманово, по што возачот со возилото го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Д., констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за целосно расчистување на случајот.

Слични вести