Прегазен пешак на булевар во Скопје

by irena 13:36
13:36

МВР информира дека синоќа во 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Никола Карев“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 72-годишниот Ф.А. од Скопје, удрило во 50-годишниот Д.Ф. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Слични вести