117
МВР информира дека вчера наутро во 07:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат с. Орешани – с. Зелениково, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(38) од с. Усје, скопско, удрило во пешакот Н.Б.(78) од с. Студеничани, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.