Пратеничката Моника Зајкова реагира за измените на Кривичен законик, доставени до Собранието, бидејќи како што вели, ветувањето беше да се донесе сосема нов КЗ.
-Па нели се ветуваше целосно нов Кривичен закон?
Ова можеше да се направи уште лани, во септември. Што беше пречка?!?
Наместо европски напредок и реформа добивме враќање во времето на Маневски.
Една и пол година замајување на јавноста со изговорот „чекаме нов закон“.
Кому му одговараше статус кво состојбата додека кривичните дела си застаруваа едно по едно?
И што добиваме?!?
Слични одредби, исти проблеми.
Застарувањето повторно ќе биде алиби за неказнивост, широките описи на квалификацијата на делата, можности за политички прогон – особено кога обвинителството и судството функционираат по принцип „разреши“ и замени со свои луѓе.
Зголемување на роковите за застареност – или престанете да ја навредувате интелигенцијата на граѓаните. Со овие одредби, делата повторно ќе застаруваат. Ако не знаете како Ви го даваме нашиот предлог слободно поднесете/поддржете го!
Од што е стравот?
Ги повикувам граѓаните кои се согласуваат со предлогот на Либерално Демократска Партија ЛДП– кривичните дела со кои директно се оштетува државниот буџет да не застаруваат лесно – да нè поддржат.
Ова не е партиско прашање, туку прашање на правда.
П.С. Не активирајте партиска артилерија со коментари ти го гласаше кога беше во Влада, не сум била никогаш министер, а како пратеничка НЕ не го гласав!, напиша Зајкова на Фејсбук.