Денес, 20 ноември 2026 година, околу 10:35 часот, вработени на првиот кат на ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје почувствувале мирис на чад и забележале чад од терасата на Одделението за ортопедија и трауматологија, кое се наоѓа на вториот кат, информираат од таму.
„Веднаш беа известени раководителот на одделението и тимот за евакуација. Со брза и координирана реакција на персоналот, сите пациенти од одделението беа превентивно и безбедно евакуирани и згрижени. Пожарот беше изгаснат со противпожарната опрема на болницата, а беше повикана и противпожарната служба.
На местото на пожарот нема електрична ниту гасна инсталација. Материјалната штета е незначителна. Според првичните информации, можно е пожарот да бил предизвикан од отпушок од цигара. Точната причина и околностите се утврдуваат.
Сите пациенти и вработени се безбедни, а болницата продолжува со редовна работа,“ се вели во соопштението.