Пожарот над селото Лојане е локализиран

by vlatko 20:52
20:52

Пожарот кој зафати дел од пределот над селото Лојане, Општина Липково, е во голема мера локализиран и изгаснат. Интензитетот на горењето во боровата шума е значително намален, а селото е целосно заштитено од огнената стихија.

По отворањето на патот за пристап, екипите на Национални шуми можеа пешадиски да интервенираат, што значително помогна во ограничувањето на огнот.

Во акцијата беа ангажирани хеликоптер Бел 412 на МВР, две екипи на ТППЕ Куманово со противпожарни возила, како и екипи на Национални шуми-Подружница Куманово со специјализирана механизација за гаснење шумски пожари.

Слични вести