177
Попладнево изби пожар на отворен простор на Скопска Црна Гора, над скопското с. Раштак, информираше Стојанче Ангелов, директор на ДЗС.
-Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер.
Чадот од пожарот е видлив од поголем дел од Скопје, вели Ангелов.
