991
Избувна пожар попладнево во авто механичарска работилница која се наоѓа во близина на Тутунскиот комбинат во Скопје.
Информациите се дека на местото на настанот интервенираат екипи на противпожарната служба, кои во моментот работат на локализирање и гасење на огнот.
Според првичните информации нема повредени, а причините за настанување на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.