Постарата сестра (73) со метален предмет ја нападна помладата (68)

by irena 16:31
16:31

МВР информира дека вчера во 20 часот во СВР Скопје, 68-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, била физички нападната од нејзината сестра Н.М. (73).

Според пријавата, 73-годишната сестра во нападот употребила метален предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Слични вести