Портрет на Махатма Ганди продаден на аукција за повеќе од 200.000 долари

by irena 11:15
11:15

Портрет на индискиот лидер за независност Махатма Ганди, во техника масло на платно, беше продаден на аукција во Лондон за повеќе од 200.000 долари, пишува Би-Би-Си.

Портретот е насликан од британската уметница Клер Лејтон во 1931 година, кога Ганди го посети Лондон за да присуствува на втората Конференција на тркалезна маса за уставните реформи за Индија и нејзините барања за самоуправа.

Според информациите од аукциската куќа „Бонхамс“, Лејтон била меѓу ретките уметници кои имале можност да седат со Ганди и да го сликаат, бидејќи таа била примена во неговата канцеларија и го скицирала неколкупати.

Уметничкото дело било во личната колекција на уметницата до нејзината смрт во 1989 година.

Аукциската куќа не открила кој ја купил сликата, ниту дали ќе биде јавно изложена.

Слични вести