Поранешниот претседател на Јун Сок Јол е осуден на доживотен затвор за водење „внатрешен бунт“ и обид да воведе вонредна состојба во декември 2024 година, јавува BBC.
Судот во Сеул утврди дека Јун се обидел да ја наруши уставната рамка на државата со распоредување на војска и полициски сили, блокирање на Парламентот и уапсување на политички противници. Тој е прогласен за виновен за организирање бунт и злоупотреба на власт, што предизвика сериозна политичка криза.
Иако обвинителите побараа смртна казна, судот одлучи да ја изрече доживотната затворска казна, земајќи ги предвид краткото траење на обидот за воведување вонредна состојба и демократските процеси во земјата.
Јун беше отповикан и изгласан за отстранет од функцијата претседател во 2025 година, веднаш по поништувањето на неговиот декрет за вонредна состојба. Пресудата е историска за Јужна Кореја, бидејќи е првпат по неколку децении поранешен претседател да добие најтешка казна за обид за државен удар.