Поранешниот директор на АНБ, Димовски, негира следење на Мицкоски

by valentina 17:50
17:50

Ниту актуелниот премиер Христијан Мицкоски во време кога бил во опозиција, ниту тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, ниту поранешната обвинителка за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска биле директно таргети на операции на АНБ или за нив биле отварани предмети, тврди поранешниот директор на тајната служба Виктор Димовски.

Претходно, пак, актуелното раководство на Агенцијата обвини за злоупотреби и следење на политичари, новинари и јавни личности.

Димовски во интервју за 360 степени вели дека е можно да биле опфатени во предмети доколку се среќавале со оние кои биле под опсервација поради закани за националната безбедност.

-Друго е прашањето дали во рамките на тие преземени оперативни дејствија, некој од постојните политичари било да се од власта или од опозицијата, контактирале со такви лица. Доколку се случиле такви контакти, обврска на опративците било тие контакти да ги нотираат. Но ќе повторам, тоа не значи дека се работи за организирано опративно работење. Кое што подрабира целосно следење, кое што подразбира примена на опаративно технички мерки како што во дадениов случај имаше обвинување, изјави Димовски, поранешен директор на АНБ.

Димовски не одговори директно дали има конкретни предмети со имињата на политичарите, само посочи дека не се сеќава и смета дека немало постапка на АНБ за случајот Делчевски ниви.

Тој бара декласификација на спорните документи за да се утврди што точно се случувало и на кој начин јавните личности завршиле во оперативни активности на агенцијата. Димовски посочи и дека за разлика од актуелните изјави дека АНБ водела истраги и открила злоупотреби, Агенцијата нема надлежност да води истраги туку да го известува обвинителството за свои откритија.

Слични вести