178
Затворен е патот до граничниот премин Јажинце со Косово поради голем пожар, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-Сите противпожарни екипи од Тетово и две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување се на терен и работат на заштита на имотите од огнот. На пат кон интервенција се и авион ер-трактор на Дирекцијата за заштита и хеликоптер на МВР. Граѓаните се повикуваат да ја избегнуваат областа и да ги ослободат патиштата за возилата на службите за итна интервенција – изјави директорот на ЦУК, Мухамед Али.
Според последните информации од ЦУК, до 13 часот, регистрирани се 4 пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, 1 е под контрола.