243
Дисциплинската комисија при Ракометната федерација на Македонија донесе одлуки по повод настаните што се случија по дерби дуелот од последното коло од домашниот шампионат помеѓу екипите на Охрид и Еурофарм Пелистер.
Охрид го победи Еурофарм Пелистер, а настаните кои се случија потоа, отворија работа и за дисциплинската комисија.
Официјални суспензии добија ракометарот Дејан Манасков кој што ќе треба да одлежи тримесечна казна, додека пак, Крсте Андоновски (помошник тренер на Охрид) ќе го нема на три натпревари.
На двете екипи им е изречена парична казна од по 45.000 денари.