Поради годишнината од трагедијата во Кочани, Владо Георгиев го одложи скопскиот концерт

by irena 12:36
12:36

Популарниот пејач Владо Георгиев го одложи концертот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопјe, кој беше закажан за 20 март, и го премести на нов датум, 24 април.

Како што објасни пејачот, промената се случи поради „превид на неговиот организациски тим“, кој не бил свесен дека датумот се совпаѓа со деновите од одбележувањето на годишнината од трагедијата во Кочани.

– Не е во ред да се пее оваа недела. Барем така мислам. Жал ми е, но навистина не е во ред. Се гледаме на 24 април, ве чекам и така и така – и рече Владо Георгиев на македонската публика во кратка изјава за време на неговиот вчерашен престој во Скопјe.

Покрај сето тоа, самиот ден на концертот падна на верскиот празник Рамазан Бајрам, што беше дополнителна причина пејачот да го помести за 24 април.

– Со нетрпение го очекуваме доаѓањето и настапот на Владо Георгиев во Скопје и се извинуваме за одложувањето на концертот. Ви ветуваме незаборавна забава и вечер за која ќе се зборува долго време – рекоа организаторите, напоменувајќи дека билетите ќе важат и за новиот датум, а оние кои сè уште сакаат да ги вратат купените билети можат да го сторат тоа.

Слични вести