Поповски: Втор ребаланс е потребен, што не ја прикажува добро сликата за економијата

by jadranka 09:36
09:36

Економските податоци се како и сите статистички податоци различни. Еден податок може да говори едно, друг податок сосема друго и зависи кои податоци ќе ги изберете за да направите слика за економијата. Треба да знаеме дека имаме раст на номиналните плати и на реалните плати. Раст на номиналните па и на реалните пензии. Имаме соодветна инфлација која не е еден или два, туку е три или четири проценти и сето тоа создава поголеми доходи кај населението, нешто инфлациски, нешто реални и тоа ги покачува нагоре депозитите, тоа го покачува и кредитирањето. Податокот за раст на БДП од 3 – 3,5% е охрабрувачки.

-Има и загрижувачки податоци. Инфлацијата уште треба да се скротува. Загрозена е од однесувањето, по мое мислење, на фискалната власт која и понатаму експанзионистички се движи, и од тука произлегува растот на БДП. Ако не е во моментов потрезвено поставена монетарната политика, ако се потпреме само на владината политика, јас сум уверен дека инфлацијата ќе оди многу нагоре, затоа што владата форсира дефицити на буџетот и фондовите, кои, колку што ги знам податоците, 2024 година беше 4,3%, 2025 година беше 4% од БДП, и сега сме некаде околу 3,1 или 2% за шест месеци, што значи дека до крајот на годината, како што се проекциите сигурно ќе надмине 4%.

-Тоа за Македонија се високи дефицити кои создаваат потрошувачка кај населението, па и кај фирмите. Потрошувачката ги билда цените. Цените, кога ќе се пондерира тоа што е во инфлациската кошница ја даваат инфлацијата. Таа зависи и од увозни компоненти. Во овој момент ние немаме сопствени течни горива. Ги увезуваме. Тоа создава дефицит и во платниот биланс. Оваа година дефицитот на тековната сметка е малку загрижувачки. Нивото на странските инвестиции е само 1% во првите шест месеци од БДП, што е ужасно ниско. Околу 180-тина милиони. И ако од нив ги одземеме реинвестираните од странските инвестиции во Македонија, тогаш станува многу мал влез на странските инвестиции. Нормално владата секогаш, од 1990-та година до денеска настапува со бомбастични изјави, дека ќе се донесат странски инвестиции, но резултатите се скромни. Со странските инвестиции јас сум секогаш склон многу внимателно да ги гледам.

Завчера на берзата едно акционерско друштво во странска сопственост, грчка компанија во Македонија која купи пред триесетина години голема фабрика во Македонија, од социјализмот, објави дека има 840 милиони добивка во првите шест месеци. Тоа е отприлика 13,5 милиони евра. И објави одлука дека сите 13,5 милиони евра ги распределува како предвремена дивиденда. Во Македонија дивидендите се делат годишно, но по законот има можност по шест месеци авансно, па на крај ќе ги испеглате. Во САД на пример квартално се исплаќаат. Таму никој не чека една година за сопственоста во акции да ви се впаричи, туку на секој квартал. И они сега искористија – 13,5 милиони евра си ги носат во Грција. Има отприлика пола милијарда однесено назад. Е сега и тоа се странски инвестиции. Ни го одзема доходот што се создава овде и целосно го носи во Грција. Значи за странските инвестиции има и друга страна целата медала“, вели поранешниот министер за финансии Никола Поповски.

Слични вести