218
Полски и НАТО авиони беа полетаа рано утрово за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако Русија започна воздушни напади насочени кон западна Украина во близина на границата со Полска, соопштија вооружените сили на земјата.
„Ловци се лансирани во воздух, а системите за воздушна одбрана и радарско извидување на терен се ставени во состојба на висока готовност“, соопшти оперативната команда на вооружените сили на Полска во објава на социјалната мрежа X, пренесува Ројтерс.
Како што е наведено, овие „мерки се од превентивен карактер“.
Утрово, Русија масовно ја нападна украинската енергетска инфраструктура, а во голем број региони беа воведени итни прекини на електричната енергија, пренесува Танјуг.