Полицијата уапси 17 годишник во Тетово – возел без положен возачки испит

by irena 11:28
11:28

Вчера полицијата уапси малолетник кој управувал со возило на булевар во Тетово.

– На 22.03.2026 во 04:12 часот на булевар „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишија од слобода 17-годишен малолетник од село Милетино, тетовско. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „опел корса“ со тетовски регистерски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека лицето е малолетник и го управувал возилото без положен возачки испит – соопштија од тетовската полицијата.

По наредба на јавен обвинител лицето е лишено од слобода, а возилото е одземено и ќе следува соодветна пријава.

Слични вести