752
Вчера наутро, во семеен дом во Шуто Оризари, било пријавено починато бебе.
Случајот во СВР Скопје бил пријавен во 08:00 часот од страна на екипа на Итната медицинска помош, која била повикана на интервенција.
Лекарите на лице место за жал можеле само да констатираат смрт.
Според првичниот преглед, на телото на бебето немало видливи траги на насилство.
Полицијата извршила увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција за да се утврдат точните причини кои довеле до смртта на новороденчето.