Почина 10-месечно бебе во Грција, се задушило додека го хранеле

by irena 13:37
13:37

Трагичен крај доживеа случајот со десетмесечното бебе кое се задуши со храна и итно беше пренесено со авион од Родос во Атина на специјализиран третман.

Според достапните информации, бебето починало утринава во 4:30 часот и покрај напорите на медицинскиот персонал да му го спаси животот, објавија грчките медиуми.

Инцидентот се случил синоќа кога детето итно било однесено во Општата болница на Родос откако се задушило додека го хранеле.

Лекарите успеале да го извадат туѓото тело од дишните патишта и да извршат реанимација, но долготрајниот недостиг на кислород сериозно ја влошил неговата здравствена состојба.

Поради критичната состојба, било одлучено бебето итно да се пренесе во болница во Атина.

И покрај напорите на лекарите, кои продолжиле и за време на транспортот и по приемот во болницата, бебето починало неколку часа подоцна.

Слични вести