На грчкиот остров Крф се случи воздушна драма, кога на „Боинг 757-300“ на германската авиокомпанија „Кондор ервејс“ му откажа десниот мотор веднаш по полетувањето кон Диселдорф. Во авионот имало 273 патници и осум членови на екипажот.
Инцидентот се случил на височина од околу 450 метри, додека авионот се искачувал.
Од десниот мотор избувнал оган, што било забележано и од жителите и туристите на островот, а исто така се слушнал силен звук сличен на експлозија.
Сите протоколи за итна состојба на аеродромот во Крф биле активирани, но пилотите одлучиле да продолжат со летот користејќи го само левиот мотор и да се пренасочат кон италијанскиот град Бриндизи.
Германската телевизија RTL пренесува дека поради дефектот немало можност да се продолжи кон првичната дестинација – Диселдорф.