По Македонски Брод, се повлече и независниот кандидат за градоначалник на Могила

by vlatko 18:27
18:27

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Могила, Сашо Пивковски, денеска објави дека се повлекува од изборната трка, со што стана јасно дека во вториот круг нема да има гласање, а нов градоначалник ќе биде Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во првиот изборен круг Саботковски освои 1.662 гласа, додека Пивковски доби 1.253. Пивковски во својата изјава посочи дека одлуката не била лесна, но е донесена по „внимателно размислување и разговори со граѓаните“.

-Ова не беше лесна одлука, но верувам дека е исправна и чесна во овој момент, во интерес на нашата општина и на сите граѓани што живеат во неа. Политиката не смее да создава поделби меѓу луѓето, особено не меѓу пријатели и семејства. Нашата сила е во заедништвото, не во поделбите – изјави Пивковски.

Слични вести