По четири дена извлечено телото на скопскиот рибар од Преспанското езеро

by irena 13:53
13:53

Скопјанецот за кој беше пријавено дека скокнал во Преспанското езеро кај Претор бил извлечен починат вчера од страна на нуркачката екипа на „тигрите“. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Клиничка болница Битола за обдукција.

– Вчера во 13:15 часот во Преспанското езеро, кај туристичката населба Претор, специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар го извлече телото на М.М. (71) од Скопје, за кој на 08.08.2026 околу 12:20 часот во СВР Битола било пријавено дека скокнал од чамец во езерото кај село Сливница, ресенско, по веслата кои му паднале, информираа од МВР.

Седумдесет и едногодишен скопјанец исчезна на 8 август во водите на Преспанското Езеро, откако скокнал од чамец за да ги земе веслата кои му паднале во водата.

Двајца рибари кои излегле на брегот кај ресенското село Сливница пријавиле дека во езерото останале уште двајца нивни сопатници.

Според пријавеното, М.М. на возраст од 71 година од Скопје околу 12.20 часот скокнал во езерото по веслата и повеќе не излегол од водата.

Другиот рибар, Б.Ј. на возраст од 71 година од Скопје, останал во чамецот, кој поради ветерот бил однесен во правец на Крани, на околу еден километар од брегот.

На местото излегле полициски службеници, а во потрагата по исчезнатиот рибар е вклучена и специјализирана нуркачка екипа од САЕ „Тигар“.

Слични вести