Платена кауција од 2,7 милиони евра за Јермак да се брани од слобода

by irena 09:37
09:37

За поранешниот шеф на претседателската канцеларија на Украина – Андриј Јермак, платена е кауција од 140 милиони гривни, која претходно му ја одреди Врховниот антикорупциски суд, соопшти Катерина Шипилова од прес-службата на Судот.

„Поранешниот шеф на претседателскиот кабинет е ослободен со целосна кауција“, изјави таа, пренесува Укринформ.

Кауцијата од 140 милиони одговара на износ од 2,7 евра.

Јермак, кој ги негира обвиненијата, би бил пуштен на слобода додека ја чека пресудата.

„Немам толку пари, а мојот адвокат сега ќе соработува со пријатели и познаници (за прибирање средства за кауцијата). Мојот правен тим ќе поднесе жалба. Ќе го искористиме секое правно средство за да стигнеме до правдата и вистината“ – им изјави Јермак на новинарите по одлуката на судот да ја побара кауцијата.

Украинските служби соопштија дека Јермак се сомничи за учество во криминална организација одговорна за перење пари во износ од околу 10,5 милиони долари преку изградба на елитни станбени недвижности во околината на главниот град Киев.

Јермак се сметаше за втората најмоќна личност во Украина по Зеленски, која имаше огромно влијание во украинската политика и покрај фактот што беше на функција за која не го избираа граѓаните, туку беше именуван.

Слични вести