Пијани навивачи од Словачка малтретирале патници и екипаж во авион кој слетал во Скопје

by valentina 11:04
11:04

Од МВР информираат дека е приведен навивач од Словачка, a на 10 други не им бил дозволен влез во државата поради агресивно и недолично однесување во авион за време на лет и по слетувањето.

-На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот.

Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го приведоа Л.Т.(38) од Словачка, а на 10 други лица, исто така, од Словачка, не им беше дозволен влез во државата од безбедносни причини. По целосно документирање на случајот, против Л.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести