Пијан возач удри во паркиран автомобил – му измерија 2,21 промили алкохол во крвта

by irena 13:51
13:51

МВР информира дека синоќа во ОВР Радовиш е пријавено дека околу 21:30 часот во с. Ораовица, радовишко, патничко возило „опел корса“ без регистарски ознаки, управувано од И.В.(46) од с. Ораовица, удрило во паркирано патничко возило „форд фокус“ со радовишки регистарски ознаки, сопственост на Ц.Л. од истото село.

Во незгодата, возачот И.В. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Радовиш.

Запознаен е јавен обвинител и при преземање мерки во врска со незгодата констатирано е дека тој го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека имал 2,21 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести