Пијан возач излетал од патот кај Делчево, повредени жена и дете

by irena 13:23
13:23

На 15.05.2026 во 20:32 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на регионалниот пат Делчево – Берово, патничко возило „мазда“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од К.Г.(53) од с. Нов Истевник, делчевско, на место викано „Курачка мала“, атар на с. Нов Истевник излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 45-годишната В, објави 4news.mk А., а со телесни повреди се здобиле нејзиниот 12-годишен син, двајцата од Делчево. 

Со повреди се здобил и возачот К.Г., констатирани во Медицински центар Штип.

Слични вести