124
Рано утринава во 00:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го уапсија Ф.Д.(53) од Велес.
Од МВР информираат дека 53-годишникот бил уапсен постапувајќи по пријава од Центар за социјални работи Велес дека по кратка расправија физички го нападнал неговиот 16-годишен син.
По преземени мерки било констатирано дека Ф.Д. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,87 промили алкохол во крвта.
„Тој е задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител“, посочија од МВР.